Унгарија без проблеми против Полска

Ракометната репрезентација на Унгарија со сигурна победа над Полска од 29-21 го стартуваше настапот на Европското првенство 2026 година кое се игра во Скандинавија.

Унгарците во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да стигне до полне плен. Ричард Бодо со пет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Олејничак и браќата Гебала постигнаа по три гола.

Во крајно интересен натпревар Фарски острови и Швајцарија одиграа реми 28-28. Скипаготу со девет гола беше најаефикасен кај Фараните, додека кај Швајцарија Леополд постигна седум гола.

Се вчитува...