Нилсен: Ние покажавме класа, но Македонија е храбра репрезентација…

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Емил Нилсен се вклопи во беспрекорното данско издание, одличниот голман го заврши мечот со Македонија со 10 одбрани и 35% успешност, а по натпреварот во Хернинг откри дека поразот од пред четири години во Скопје бил предупредување за данските ракометари на стартот од овој европски шампионат.

„Пред четири години Македонија направи поприлично големо изненадување. Ми се чини дека тоа беше првиот меч на Лазаров. Не играв но бев дел од тој меч. На денешниот пак, покажавме класа, квалитет. Иако секако беше за нас тежок меч. Но сепак, мислам дека одигравме добро. Никогаш не е лесно, да се игра против вакви екипи. Пробуваат да го забават темпото на играта. И во одреден дел од мечот и успеваат во тоа. Среќен сум. Уште еднаш ќе кажам дека Македонија е храбра репрезентација. Играше и пред четири години, игра и сега. Покажа неколку супер работи на теренот. Да, победивме со доста разлика но Македонија се покажа одлично“, истакна Нилсен.

Се вчитува...