Возачот на Ферари во Формула 1, Луис Хамилтон, е оптимист дека италијанскиот тим ќе може да ги предизвика најдобрите во текот на сезоната, иако Мерцедес беа убедливи во Австралија.
Седумкратниот светски шампион ја заврши првата трка од сезоната во која револуционерните нови технички прописи го имаа своето деби на четвртата позиција зад тандемот на Мерцедес, Џорџ Расел – Андреа Кими Антонели, како и клупскиот колега Шарл Леклер.
По разочарувачката сезона и за Хамилтон и за Ферари минатата година битката со Мерцедес во почетната фаза од трката е охрабрувачка за италијанскиот тим.
„Севкупно, многу сум горд на тимот. Тие направија одлична работа за да го доведат болидот до нивото на кое е сега“, рече Британецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

