Министерството за спорт подготвува Националната стратегија за развој на спортот!

Во Министерството за спорт се одржа првиот работен состанок на Меѓуресорската група за подготовка на Националната стратегија за развој на спортот (2026-2030).

На состанокот присуствуваа државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, Тања Блажевска – раководител на Одделение за оперативно – аналитички работи во Сектор спорт и координатор на работната група, Игорче Кузмановски – раководител на Одделение за развој и унапредување на спортскиот систем, членови и заменици членови претставници на повеќе институции кои се вклучени во подготовката на Стратегијата – Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, Министерство за образование и наука, Министерство за култура и туризам, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за транспорт како и преставници од Државното правобранителство.

На првата работна средба беше истакната важноста на овој стратешки документ за развојот на спортот како еден од националните приоритети на Владата на Република Македонија.

„Спортот е специфична сфера која директно или индиректно е поврзана со многу други области. Изготвувањето на Националната стратегија за развој на спортот е комплексен процес во кој ќе бидат вклучени сите релевантни страни – државни институции, национални спортски федерации, универзитетски професори и други стручни лица од областа на спортот кои верувам ќе дадат голем придонес во изготвувањето на овој стратешки докумен во предвидениот рок“ – рече државниот секретар, Сашо Огњеновски.

Се вчитува...