А, кај Јапонците, ништо ново: Навивачите ги чистеа трибините по мечот со Холандија (ВИДЕО)

Репрезентациите на Јапонија и Холандија одиграа возбудлив натпревар во Далас во рамките на Светското првенство, кој заврши нерешено (2:2), но главната приказна на денот се одвиваше на трибините по последниот свиреж.

Снимките од навивачи како шетаат меѓу седиштата со големи кеси и собираат шишиња и обвивки од храна брзо го преплавија интернетот.

Во видео објавено од ФИФА на својот официјален профил на X мрежата, еден јапонски навивач објасни зошто го прават тоа, велејќи:

„Тоа е нашата култура, но тоа е исто така знак на почит кон сè. Почит кон играчите, навивачите, но и кон стадионот. Ни е чест што сме тука и не сакаме да оставиме хаос зад себе.“

Ваквите сцени не се ништо ново кога станува збор за јапонските навивачи, бидејќи тие и претходно споделиле слични лекции за однесување.

Се вчитува...