Кошаркарите на Пелистер забележаа шести неуспех во АБА 2 кошаркарската лига, откако денеска беше поразен од Подгорица после пресврт со 84-97.
Пелистерци одлично влегоа во натпреварот, по првата четвртина имаше водство од дури 10 разлика (28-18), а во втората и до 12 разлика, но Подгорица со серија од 11-0 се врати во мечот и го доведе Пелистер под притисок. На полувремето битолчани заминаа на пауза со водство од четири разлика.
Но проблемите почнаа некаде кон средината на третиот период. Пелистер имаше предност од шест разлика, која ја прокоцка, па со серија од 10 поени, Подгорица стигна до предност од четири, па потоа и до седум. Сепак, Пелистер се врати и успеа да дојде до егал во финишот на третиот период, но црногорскиот тим замина со предност во последниот период.
Пелистерци како да немаа сила да држат ритам, па подгоричани стигнаа во еден миг и до предност од 10 разлика, по кој немаше враќање, за на крајот победа од 13 поени разлика.
Карпентер кај Пелистер уфрли 24 поени, додека Кљајевиќ кај Подгорица постигна 19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА