АБА ги прекина сите натпреварувања

АБА Лигата донесе одлука да ги прекине на неодредено време сите натпреварувања кои се под нејзина организација, АБА Лига, АБА 2 и У19 АБА Шампионатот. Лигата ќе продолжи да ги мониторира состојбите и во консултација со сите клубови ќе донесен ова одлука.

„Со оглед на ситацијата со коронавирусот (COVID19), а во насока на заштита на здравјето и на безбедноста на играчите, тренерите, официјалните лица и на навивачите донесовме одлука га ги суспендираме сите наши натпреварувања“ – стои во објавата од Лигата.

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром кој заврши третопласиран во регуларниот дел од сезоната требаше да ја почне плеј-оф фазата против Сплит. Според начелниот распоред првиот меч од полуфиналната серија, прв до две победи требаше да почне следната среда на 22.март.

 

Се вчитува...