АБА лига: Промена на раководството и нормативните акти, сите клубови остануваат во натпреварувањето

Клубовите членки на АБА лигата на собранието кое беше одржано денеска, донесоа одлука дека постојните нормативни акти мора да бидат дополнети со цел да се спречат сцените кои беа дел од финалната серија меѓу Црвена Звезда и Будуќност. Беше одбиено барањето на Будуќност за поништување на финалната серија, по што претставниците од клубот од Подгорица го напуштија собранието.

Раководните лица на Црвена Звезда и Будуќност, Небојша Човиќ и Драган Бокан се казнети со по 10 000 евра поради немилите настани кои се случија во финалната серија.

Собранието не го продолжи мандатот на сегашното раководство во состав Крешимир Новосел и Жарко Чабаркап  и донесе одлука за почеток на постапка за избор на ново раководство што е можно побрзо.

Околу барањата на Олимпијакос, Панатинаикос и Бнеј Херзлија, да се приклучат во регионалното натпреварување, потребно е прво клубовите да достават целосна документација во согласност со основачките акти на АБА лигата.

Собранието на АБА на крајот дојде до заклучок дека лигата претставува пат за промоција и развој на кошарката во регионот и останува приоритет на сите клубови кои се нејзини членки.

Се вчитува...