АБА му се извини на Иво Данеу за срамниот чин на бркање од сала на мечот во Љубљана (ВИДЕО)

АБА лигата, преку својот спортски директор Милија Војиновиќ, му се извини на легендарниот Иво Данеу за срамниот чин на бркање од сала за време на натпреварот од АБА2 лигата меѓу Илирија и Сараево.

Во натпревар во кој Илирија со победа ќе обезбедеше историски пласман во елитната АБА лига, победата ја однесе Босна, па патникот во најсилното регионално натпреварување ќе се добие на мајсторката во Сараево.

Но, целокупната спортска јавност од регионот пред се остана крајно вчудоневидена од несекојдневната одлука на судиите да го избркаат 87-годишниот Иво Данеу од салата „Тиволи“ во Љубљана. Незадоволен од неколку спорни судиски одлуки, кошаркарската икона реагираше гласно од покрај аут-линијата, по што судиите решија да го отстранат од салата.

Инцидентот ја шокираше јавноста, но и словенечкиот спортски коментатор кој во преносот потсети дека токму во оваа сала, Данеу во 1970 година ја круниса својата кариера со светска титула со Југославија.

„Сакам да истакнам дека ми е многу непријатно и жал поради тој настан. И покрај тоа што судиите постапуваа согласно своите овластувања, целосно ја разбирам и горчината на спортската јавност од регионот. Свесни сме дека се работи за човек кој многу даде за кошарката во регионот но и за светската кошарка и кој е чест гостин на нашите натпревари, поради што ете се извинуваме за оваа непријатност“ – истакна спортскиот директор на АБА лигата, Милија Војиновиќ.

Се вчитува...