АБА: Пресврт победа на Мега кај Борац во корист на МЗТ Скопје

Мега го остави МЗТ Скопје во игра за опстанок во АБА лигата откако во 22. коло славеше со 80-86 против главниот конкурент на македонскиот тим, Борац Чачак.

Завршницата на првата четвртина им припадна на кошаркарите на Борац кои со серија од 14-3 успеаја да стигнат до двоцифрена предност (28-17), а истата и да ја задржат во поголемиот дел од првото полувреме. Во еден момент домаќините имаа позитива и од 13 поени, но Мега намали на 44-35 на полувремето со тројката на Ѓуришиќ.

Истата наговести подобра игра на Мега во вториот дел од натпреварот во кој младиот белградски состав го диктираше темпото. Мега од минута во минута ја топеше предноста, стигна и до предност од 60-66 во третата четвртина, а продолжи во ист стил и до крајот на натпреварот за победа број 11.

Со 27 поени и 5 скока лидер на Борац беше Хејл, додека Рудан запиша 16 поени и 9 скока за Мега.

Се вчитува...