Абдурахими и Асани спогодбено „раскинаа“ со Шкендија

Есенскиот фудбалски првак Шкендија и официјално ги раскина договорите со двајца свои фудбалери кои не се најдоа на списокот на тренерот Ќатип Османи за зимските подготовки. Бесарт Абдурахими, кој дојде како големо засилување од Белгија, не успеа да се наметне доволно кај Османи, и поради тоа спогодбено го раскина договорот со клубот, па ќе си побара нова фудбалска средина. За него силно се интересира Шкупи, но и неколку клубови од Албанија и од Хрватска.

Спогодбен раскин на договорот доби и Џелал Асани. И тој исто така не беше вклучен на списокот на фудбалери кои отпатуваа првично за Охрид, а потоа и за Анталија, на зимски подготовки за пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...