Абрамович го кани Мурињо на вечера по дербито на „Стемфорд бриџ“

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, го поканил Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, на заедничка вечера по денешното големо дерби на „Стемфорд бриџ“. Челси ќе ги пречека „црвените ѓаволи“, а Антонио Конте се надева дека со евентуален триумф ќе успее да фати приклучок кон самиот врв на табелата во Премиер – лигата.

Засега нема потврда од Португалецот дека ја прифатил поканата на Абрамович да вечера со него по дербито, но уште од претходно има потенцирано дека тие двајца не се блиски пријатели, иако двапати беше на кормилото на Челси.

„Ние не сме пријатели. Премногу сме различни за да можеме да бидеме толку блиски. Но, секако дека се почитуваме максимално“, изјави Жозе Мурињо откако своевремено по вторпат доби отказ од Абрамович на клупата на Челси.

Сега Португалецот е на кормилото на големиот ривал Манчестер јунајтед, и доаѓа да го освои „Стемфорд бриџ“. Мурињо има сигурна позиција на „Олд трафорд“, а Антонио Конте има разнишана клупа на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...