Поранешниот менаџер на Челси, Аврам Грант оцени дека Френк Лампард завршил одлична работа сезонава на „Стемфорд Бриџ“. Челси сезонава во која не смееше да купува фудбалери заврши на 4. место во Премиер-лигата со што обезбеди настап во Лигата на шампионите, а викендов ќе се сретне со Арсенал во финалето од ФА купот.
„Сезоната беше добра, ако се земе предвид сите проблеми кои ги имаше клубот. Кога се во прашања очекувањата на Роман Абрамович, јас да му кажев дека четвртто место е добро за клубот, веднаш ќе ме испратеше на Сибир“, изјави Грант.
Грант го предводеше Челси во сезоната 2007/2008 кога клубот стигна до финалето од Лигата на шампионите каде по изведување на пенали беше поразен од Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА