Абутовиќ: Се е полесно кога го имаш најдобриот тренер на светот…

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Секоја чест на Циндриќ, Чупиќ, Душебајев и останатите „вардарци“, но меѓу главните херои ан овој фајналфор турнир заедно со голманот Штербик мора да се вброи Илија Абутовиќ. Српскиот специјалист за одбрана уште еднаш ја покажа својата величина, одигра без грешка во дуелите со моќните бекови на ПСЖ, во бројни наврати одлично ги запираше Карабатиќ и Хансен, помагаше и за неутрализација на пивотите на францускиот тим, целосно изолирајќи ги од играта.

И повторно како многу пати досега, Абутовиќ останува скромен за својот придонес, а главната „вина“ за овој историски успех ја посочува кон тренерот Раул Гонзалес.

Беше многу тешко бидејќи ПСЖ ја има физички најмоќната екипа, бројните дуели истоштуваа, но ние имаме срце и карактер. Исто така, се е полесно кога се има на клупата најдобриот тренер на светот. Раул одлично ја постави играта, ние ги исполнивме задачите и го остваривме она што го сонувавме – станавме европски шампиони“ – истакна Абутовиќ по победата во финалето.

Се вчитува...