Не требаше да мине многу време за Илија Абутовиќ да ги убеди сите во Рајн-Некар Левен во своите квалитети, па српскиот ас неполна година по доаѓањето во Манхајм потпиша и нов договор со поранешниот првак на Германија. Поранешниот ракометар на Вардар експресно се наметна и како „командант на одбраната“ на новиот клуб, по што му беше понуден нов договор со важност до 2023 година, што Србинот без многу размислување го потпиша.
„Во ниту еден момент не зажалив што се преселив во Рајн-Некар Левен, ова е еден од најдобрите тимови во најсилната лига во светот. Имаме одлично навивачи, јас и моето семејство се чувствуваме одлично и горд сум што уште долги години ќе го носам дресот на овој клуб“ – изјави 30-годишниот Абутовиќ.
Тимот на нашиот Филип Талески договори и еден трансфер за 2020 година, потпишувајќи преддоговор со асот на Магдебург, шведскиот репрезентативец Албин Лагергрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА