Џонсон излегува од затвор, дали пак ќе заигра фудбал?

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Сандерленд, Адам Џонсон на 22 март треба да биде пуштен од затвор, завршувајќи зад решетки поради секс-аферата со малолетничка во февруари 2016. И покрај казната затвор од шест години, поради добро однесување, некогашниот освојувач на Премиер лигата по три години треба да излезе на слобода.

Џонсон во Сандерленд заработуваше по 60 илјади фунти неделно, но поради аферата англискиот клуб му го раскина договорот. Поранешниот фудбалер во затворот најде работа како чистач со која заработува по 11 фунти на час.

Британските медиуми откриваат дека тој на своите најблиски им најавил дека сака да ја продолжи фудбалската кариера, но останува да се види дали ќе се најде клуб што ќе сака да го доведе Џонсон во своите редови.

Се вчитува...