Адама Траоре ќе ги „откачи“ Ливерпул и Барселона

Адама Траоре ќе ги одбие понудите од Ливерпул и од Барселона и ќе потпише нов договор со Вулверхемптон на четири години според кој ќе добива 100.000 фунти неделно што е двојно повеќе од сумата која ја добива сега.

Траоре има одработено две од предвидените пет години од актуелниот договор со клубот во кој дојде во 2018 за тогаш рекордни 22 милиони фунти.

Ливерпул и Барселона се најзаинтересираните клубови за Адам Траоре. Во текот на летото имаше шпекулации дека интерес покажале и Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Се вчитува...