Адаптација на руската зима – прв тренинг на кошаркарите во Перм (фото)

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го одржа првиот тренинг во Перм, во салата каде во наредниот период нашите најдобри кошаркари ќе одиграат четири меча во обид да стигнат до билет за Евробаскет 2022. Ледената руска зима и темпаратурите далеку под нулата се нешто на што нашите кошаркари не се навикнати, па овие неколку дена ќе бидат добредојдени за адаптација во пресрет на клучните пресмтки.

За прв пат од почетокот на подготовките, заедно со другиот дел од тимот тренираа и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски, па селекторот Тодоров имаше можност да одработи тренинг со сите кошаркари кои ќе бидат дел од дуелите со Италија (два), Русија и со Естонија.

Во Перм се комплетираше и стручниот штаб на репрезентацијата откако во Русија пристигна и Никола Василев,  кој поради професионалните обврски со својот клуб во Литванија се приклучува од денеска во работата со националниот тим.

Се вчитува...