Адебајо донесе победа на Мајами со звукот на сирената – Дурент не издржа до крај, повреден го напушти теренот!

Кошаркарите на Мајами го победија Бруклин со 109-107, а решавачкиот кош во последната секунда го постигна Бам Адебајо. Тимот од Флорида ја прекина серијата од три порази и со учинок од 29-28 е моментално седми во Источната конференција, додека отежнувачка околност за Нетс е повредата на Кевин Дурент.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата се повреди на коленото по продор и контакт со Тревор Ариза. Дурент веднаш отиде во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот. Бруклин е втор на Истокот со 38 победи и 19 порази.

Во натпревар со многу пресврти, ниту еден тим немаше повеќе од седум поени предност, а кога Нетс се вратија со серија од 13-2 и поведоа со 107-101 на три и пол минути пред крајот, се чинеше дека домашниот тим немаше сили да возврати со ист удар, па ја загуби контролата над топката.

Сепак, Мајами не прими ниту еден кош во последните минути од натпреварот и остварија важна победа со поените на Адебајо во последната секунда. Бам беше најефикасен со 21 поен, со 15 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки, Горан Драгиќ додаде 18 поени, 8 скока и 7 асистенции, Кендрик Нан 17 и Ариза 15.

Џејмс Харден не беше во поразениот тим, па најдобри беа Ландри Шамет со 30 поени и Кајри Ирвинг со 20 поени, 4 скока и 9 асистенции и Џо Харис 12.

 

 

 

Се вчитува...