Адебајо го сруши „митот“ за Јокиќ: Тоа е нешто што најмногу ми се допаѓа кај него…

Центарот на Мајами Хит и двократниот НБА Ол-стар кошаркар Бем Адебајо на подкастот на поранешните кошаркари на Хит, Удонес Хаслем и Мајк Милер говореше и за српскиот интернационалец Никола Јокиќ рушејќи го „митот“ кој го следи центарот на Денвер.

Јокиќ како и најголемиот дел од европските кошаркари, неправедно ги прати гласот за кошаркари кои се обидуваат да изнудат прекршок, но според Адебајо тоа не е точно. Напротив Американецот го пофали Србинот кој не глуми на теренот.

„Тоа што најмногу ми се допаѓа кај него е тоа што не „флопира“. Мислам, сите се обидуваат да нагласат контакт, но освен тоа, не се обидува да изнуди 16, 17 слободни фрлања. Тој секогаш цели да постигне кош“, изјави Адебајо.

Јокиќ и Адебајо имаа директен дуел во ланското НБА финале кој му припадна на Србинот. Доминацијата на центарот на Денвер му донесе и награда за најкорисен играч на финалната серија.

Се вчитува...