Адебајор го посвои синот на трагично загинатиот брат: Морав да го оттргнам од рацете на мајка ми!

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Тотенхем и Реал, Емануел Адебајор покажа големо срце посвојувајќи го синот на својот брат Петер кој загина во трагични околности. Емануел на тој начин комплетно је презеде грижата за малолетниот Џуниор.

Адебајор во својата богата кариера имаше и многу тешки периоди. Со 15 години го напушти родното Того започнувајќи фудбалска кариера во Мец, а во најдобрите свои денови заработуваше и по 200.000 евра неделно. Но, се најде во проблеми кога семејството почна да го манипулира поради парите.

„Неколку пати сакав да се убијам. Ми се гади од се што ми се случуваше, но сега кога зборувам за тоа чувствувам олеснување“ – истакна неодамна Адебајор, притоа дополнувајќи:

„Многу е тешко да решите некои работи кога се обидувате да го спасите семејството од сиромаштија, а тие и натаму одат против тебе. Секогаш им зборував на браќата дека нашата фамилија, некои блиски и подалечни роднини, сакаа само да не искористат. Најмногу жалам што и верував на мојата мајка. Затоа и синот на брат ми сакав да го оттргнам од нејзините раце“.

adebajor 2

Актуелниот напаѓач на Башакшехир сега се држи подалеку од некои членови на семејството…

„Морам често да го менувам бројот на телефонот за да не ме контактираат. Не ме бараат да видат како сум, туку само бараат пари. Така беше и кога бев повреден. Во една прилика кога одев на мегнетна резонанца на сред терапии ми се јавуваа да ме прашаат дали на децата може да им платам школарина. Воопшто не ги интересираше како сум, каде сум, што правам“.

Од сите во семејството, Адебајор посебно лош однос има со мајката која ја обвини дека на него „фрлала црни магии“.

Се вчитува...