Адебајор со „срамно“ видео, во време на Ковид-19, повторно ги налути сонародниците во Того (ВИДЕО)

Емануел Адебајор не е омилена појава во својот Того, каде во моментов се наоѓа за време на пандемијата на коронавирусот. Поранешниот напаѓач на Реал, Монако, Тотенхем, Манчестер сити и Арсенал живее во главниот град Ломе од каде порача дека не сака да и помогне на земјата во битката со Ковид-19.

„Сите вие кои ме напаѓате дека не донирам, во право сте. Не донирам и нема да донирам. Го прават тоа што сакам. Критикувајте ме колку сакате, но јас и само јас одлучувам што ќе правам со моите пари“ – истакна Адебајор пред две недели.

А, сега отиде и чекор понатаму објавувајќи „мотивациско видео“, како што самиот го нарече, презентирајќи ги своите девет скапоцени автомобили. Мерцедес, Ролс ројс, Порше, БМВ, Ренџ ровер… се дел од неговата колекција.

„Ова е видео порака за да ви покажам дека можете да успеете во животот. Само треба да верувате во себе и напорно да работите кога никој не гледа“ – порача Адебајор кој во моментов игра за парагвајска Олимпија.

Се вчитува...