Адеми до голем бод во Украина, Мората донесе радост на Атлетико

Динамо Загреб оствари одличен резултат на гостувањето во Украина ремизирајќи против Шахтјор со 2-2. Аријан Адеми се најде во стартниот тим на хрватскиот првак и одигра значајна улога во огромниот бод кој сигурно ќе биде од значење во битката за второто место во групата. Динамо има за што да жали бидејќи со голот на Оршиќ во второто полувреме поведе со 1-2, но офанзивната игра на Шахтјор вроди со плод, па Додо го израмни резултатот во 75. минута.

Гостите од Хрватска имаа извонредна можност за трет гол во 90. минута, но Дани Олмо од контранапад го погоди само дирекот од голот на украинскиот состав.

Баер Леверкузен остана без бодови и по третото коло во групата Д, откако „фармацевтите“ загубија со 1-0 на гостувањето против Атлетико Мадрид. Дуелот на „Ванда Метрополитано“ беше максимално здодевен, но тимот на Диего Симеоне сепак упеа да стигне до цел плен благодарение на погодокот со глава на „резервистот“ Алваро Мората во 78. минута, по центаршутот на Лоди од левата страна.

Се вчитува...