Адеми е желба и на Лацио: Со десет милиони евра го „краде“ од Рома!?

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми очигледно е „поле за трансфер битка“ на римските ривали Рома и Лацио. Откако во текот на вчерашниот ден како „бомба“ одекна веста за амбицијата на Рома да го купи капитенот на Динамо Загреб, сега и „Газета дело спорт“ со информација дека Лацио е далеку позагреан со поотворена финансиска понуда за Адеми.

Според пишувањето на „Газета“, Рома досега понудила четири милиони евра за ангажман на Адеми што не ги задоволува апетитите на раководството на Динамо Загреб. Но, затоа пак, според информациите на Италијанците, Лацио е подготвен да понуди сума меѓу осум и десет милиони евра. А, за таа сума „модрите“ и дефинитивно би го пуштиле Адеми да се пресели во Рим.

Како што е познато, уште минатото лето француски Лил понуди пет милиони евра за ангажман на Адеми но ниту таа понуда не ги задоволи челниците на хрватскиот шампион.

Се вчитува...