Адеми го измести рамото, но херојски го доигра натпреварот

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаше непријатни моменти на натпреварот меѓу Динамо Загреб и Истра на „Максимир“. Тимот на Динамо Загреб победи со 1-0, а капотенот на „модрите“ во 65.минута се пожали на силни болки во рамото. Се чинеше дека нема да може да го продолжи мечот, но по интервенцијата на клупскиот доктор, кој го санираше изместеното рамо, Адеми успеа да го доигра натпреварот.

Динамо Загреб во завршницата успеа да стигне до победа против Истра, со голот на Петковиќ од пенал.

 

 

Се вчитува...