Шведскиот селектор Грем Потер најде начин да му фати сеир на Манчестер Сити по пресудите против повеќекратниот англиски шампион.
Швеѓаните вечерва ќе гостуваат во Сараево на БиХ во мечот што ќе биде проштален за легендарниот Един Џеко, а Потер се соочува со сериозни проблеми поради бројни отсуства на стандардни првотимци.
„Проблеми имаме навистина многу. Повреди пред собирот, повреди во последните денови. Згора на тоа, во последните 48 часа имавме и вироза во репрезентацијата. Искрено, имаме толку многу здравствени проблеми колку што Манчестер Сити има обвиненија“, се пошегува Потер, кој во Премиер-лигата ги водеше екипите на Челси и Брајтон.
Потоа, тој се осврна на темата и со поериозен акцент: „Искрено, тоа воопшто не е добро за фудбалот ниту за англиската лига. Тажно, многу тажно“, прокоментира шведскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
