Чави: Не им викав на фудбалерите на паузата, туку им се извинив

Холандија успеа да се врати од негатива од два гола и во самиот финиш да стигне до реми на гостувањето против Грција. Селекторот Чави обелодени што се случувало во соблекувалната на „лалињата“ на паузата, изненадувајќи ја јавноста со тоа како реагирал во тие 15 минути.

„Првото полувреме беше многу лошо, беше важно да создаваме шанси, а ние не одигравме ништо 45 минути. Ни недостигаше идентитет, тоа беше мојата грешка, составот не беше погоден. На паузата влегов во соблекувалната и видов група крајно разочарани фудбалери. Тие беа потиштени, а јас не викав по нив, туку им се извинив. Им реков извинете, јас сум виновен. Моравме да го промениме менталниот склоп за второто полувреме и успеавме во тоа“, изјави Чави.

По извинувањето, шпанскиот стратег повлече и конкретни потези, внесувајќи ги Реиндер, Гравенберх и Ланг на местото на индиспонираните Тимбер, Тил и Ван Бомел.

„Никогаш не сум задоволен со реми, сакам секогаш да победувам, но ова беше дел од процесот. Сакам секогаш да играме како во второто полувреме во Грција. Видов две лица на мојата селекција, но ова е само почеток“, нагласи холандскиот селектор.

Се вчитува...