Адеми и Ристовски немаа сили со Динамо за изненадување во Шпанија…, и Јунајтед, Рома и Арсенал во полуфинале на Лига Европа (ВИДЕО)

Без изненадувања, Рома, Манчестер јунајтед, Арсенал и Вилјареал ќе играат во полуфиналето на Лигата на Европа.

На реванш-дуелите фаворитите не дозволија изненадување, па најубедливата победа ја запиша Арсенал со 0-4 на гостувањето против Славија во Прага. Пепе, Лаказет и Сака уште во првото полувреме стрелеаа за „топчиите“ најавувајќи го пласманот во полуфиналето. Четвртиот погодок беше дело на Лаказет во 77. минута.

Динамо Загреб, на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, не успеа до изненадување во Шпанија, доживувајќи и втор пораз од Вилјареал, овој пат со 2-1. Шпанците поведоа со головите на Алкасер и Морено во првото полувреме, а Оршиќ во 74. минута само го ублажи поразот на „модрите“. Стефан Ристовски одигра 60 минути за Динамо, а Аријан Адеми беше заменет во 82. минута од средбата.

Манчестер јунајтед славеше со 2-0 против Гранада со головите на Кавани уште во првиот дел, и автоголот на Ваљехо во 90. минута. Рома ремизираше (1-1) со Ајакс, но тоа беше сосема доволно по победата од 2-1 на првиот натпревар.

Се вчитува...