Адеми и Ристовски поразени од Виљареал, тешка задача на реваншот за пласман во полуфинале на Лига Европа (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе имаат повеќе од тешка задача на реваншот во обидот за пласман во полуфиналето во Лигата на Европа откако во првиот натпревар загубија на домашен терен со својот Динамо Загреб од Виљареал со 0-1.

Стрелец на победничкиот гол за шпанскиот тим беше Морено од пенал во 44. минута на средбата.

 

Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар за „модрите“ кои и покрај неколку одлични можности не успеаја да дојдат барем до реми на дуелот со Шпанците.

Се вчитува...