Адеми имал тахикардија и несоница, не можеше да помогне…

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн,

Владимир Булатовиќ 

Македонија го победи Лихтенштајн со 0-2 на гости во Вадуц во претпоследниот меч од групниот сегмент во Лигата на нации, а пред почетокот на мечот главна „фрка“ беше зошто го снема Аријан Адеми и од клупата за резервни фудбалери. Тој прво се појави во записникот, но потоа дојде исправка дека нема да биде на клупата за резерви. Сепак, тој имал здравствени проблеми, открива селекторот Ангеловски.

„Малку ни се поремети концепцијата на стартот затоа што отсуствуваше Адеми кој беше планиран да го почне мечот, но синоќа му се влоши здравствената состојба и мораше да бидеме без него. Адеми синоќа доби тахикардија, имаше несоница па за жал не беше подготвен да ни помогне“, истакна селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата.

Се вчитува...