Адеми: На ЕВРО сите ќе не потценат бидејќи сме најмали, но такви сме најопасни

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми верува дека нашата репрезентација може да направи поволен резултат на Европското првенство кое ќе се игра во јуни месец годинава.

„Можеме да бидеме изненадување на шампионатот. Мислам дека оваа репрезентација може да направи големи работи. Сите сакаме во нас да гледаат аутсајдери и да не потценат. На шампионатот ќе бидеме најмали, но како такви сме најопасни. Нашиот тим има неверојатен карактер сите даваме максимум и затоа верувам во добар резултат“, изјави Адеми. 

Македонија првиот историски натпревар на Европското првенство ќе го игра на 13. јуни против селекцијата на Австрија.

Се вчитува...