Адеми отпаѓа, Тотре добива повик од Ангеловски

Македонската репрезентација најверојатно ќе биде без еден од најдобрите свои фудбалери, Аријан Адеми на престојниот историски натпревар за пласман на Европското првенство против Грузија на 12. ноември во Тбилиси. Адеми патува со селекцијата во Тбилиси, но согласно последните лекарски прегледи, тешко дека ќе може да помогне на националниот тим.

По повредата заработена пред натпреварот на Динамо Загреб изминатово викенд коло во Хрватска, Адеми нема да може да биде на располагање на стручниот штаб за првиот дуел со Грузијците, но останува во комбинација за следните ноемвриски предизвици.

Токму поради тоа повик за приклучување на репрезентацијата од Игор Ангеловски добива фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Енур Тотре, кој денеска треба да се приклучи на тренинзите. За Тотре ова е втор репрезентативен повик, по минатомесечниот, кога дебитираше во националниот дрес токму на натпреварот против Грузија во Скопје.

Се вчитува...