Адеми за Рома или Лацио: Не знам ништо за тоа…, читам од медиумите

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, во изјава за „Спортске новости“ вели дека нема никакви информации плус за заинтересираноста на Рома и Лацио за негов ангажман, од она што единствено го пишуваа италијанските медиуми.

„Газета дело спорт“ пренесе интерна информација од двата римски клуба дека се во „трка“ за услугите на Адеми. Но, фудбалерот од средниот ред нагласува дека засега нема ништо од тоа…

„Јас не знам ништо. Немам поим. Видов дека се пишуваше за тоа, но навистина не знам ништо повеќе од тоа што го пишуваа медиумите“ – вели Адеми, но не негира дека би било убаво кариерата да ја продолжи во Серија А.

„Секако. Тоа е една Топ 5 лигите во Европа. Па, поради тоа и се игра фудбал. На сите нас конечна цел и желба ни е да заиграме во некоја од најсилните европски лиги. Но, нагласувам дека никој од клубот или од страна ништо за тоа не ми кажал. А, јас и ако си одам од Динамо Загреб тоа ќе биде единствено во заеднички договор и со клубот и со тренерот. Динамо Загреб направи премногу за мене, и јас никогаш сам нема да инсистирам да заминам од клубот. Во случај на сериозна понуда заедно ќе ја разгледаме“ – истакнува македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...