Адетокумбо: Не сакав деца да ми го палат дресот…

Јанис Адетокумбо потпиша „супермакс“ договор со Бакс вреден 228 милиони долари и стави крај на неизвесноста и гласините за негово заминување од Милвоки.

Договорот стапува на сила следното лето, а истекува во 2026 година. По потпишувањето на договорот Јанис изјави дека Милвоки е неговиот дом, сака тука да ги расте своите деца и да освои прстен со „зелените“, а потоа и се пошегува.

„Секогаш е убаво кога гледам деца со мој дрес како ме гледаат на натпревари. Не сакав да бидат лути поради моето заминување и да ми го палат дресот“ – додаде Гркот.

Се вчитува...