Мајами Хит на крилата на чудесниот Џими Батлер, успеа да го исфрли Милвоки Бакс со вкупниот резултат од 4-1, и така го направи првото изненадување во НБА плеј-офот. Мајами дури во продолженијата успеа да победи во петтиот натпревар, а Батлер постигна 42 поени. Ова беше историска сензација, со оглед дека Мајами влезе во плеј-офот како осмопласиран тим, а Милвоки како првопласиран.
Најдобриот играч на Милвоки, Јанис Адетокумбо одигра одличен меч, но разочарувањето беше големо, а дополнително го разлути новинар на прес-конференцијата по мечот, кога му постави прашање: „Сметате ли дека оваа сезона беше успешна?“.
„О, мој Боже. Истото прашање ми го постави и лани. Добиваш ли унапредување секоја година? Дали тоа би требало да значи дека секоја година ти е неуспешна? Не, секоја година работиш да дојдеш до целта. Не се тоа неуспеси, тоа се чекори до целта. Џордан играше 15 години, а освои шест титули, дали тие девет години му беа неуспешни?“, праша луто Јанис.
„Ме прашуваш погрешни прашања! Нема неуспеси во спортот, има добри и лоши денови, не можеш секогаш да победуваш. Ние ќе се вратиме идната година и се надеваме дека ќе дојдеме до титулата. Осовивме една, се надевам дека ќе освоиме уште една“, рече Адетокумбо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА