Адидас ја претстави топката со која ќе се игра финалето во ЛШ (ФОТО)

Прозведувачот на спортска опрема Адидас ја претстави топката со која ќе се игра годинашното финале во Лигата на шампионите. Адидас веќе година наназад е производител на топката за елитното фудбалско натпреварување, а овој пат од компанијата се потрудија таа да изгледа навистина посебно. Претставена беше во Истанбул, во градот во кој по 15 години и култното финале меѓу Ливерпул и Милан повторно ќе биде домаќин на финален меч од ЛШ.

Се вчитува...