Адријан Мицевски потпиша за бундеслигашот Штутгартер (ФОТО)

Македонскиот футсал-репрезентативец Адријан Мицевски кариерата ќе ја продолжи во германскиот бундеслигаш Штутгартер.

Мицевски, кој претходно има настапувано и за Железарец, но и хрватскиот МНК Сквер како и кипарска Омонија, сега продолжува во Бундеслигата, во еден од најдобрите клубови.

Штутгартер, кој е предводен од стратегот од БиХ, Горан Мелхер, создава екипа за освојување на футсал-титулата во Бундеслигата поради што следи и ангажманот на Мицевски.

Се вчитува...