Адвокатот на Роналдо е сигурен дека нема ништо од случајот „силување“

Адвокатот на Кристијано Роналдо, Питер Кристијансен, во соопштение порача дека средбата на Португалецот со Кетрин Мајорга била договорена, а дека сите други приказни се „чиста измислица“. Тој имал средба со обвинителите во случајот во  Лас Вегас и изјави дека е сигурен во апсолутна победа на суд.

„Многу сум задоволен од она што го видов и уверен сум во победа на мојот тим“ – изјави Кристијансен.

Кетрин Мајорга по девет години од настанот реши да го покрене случајот за силување и покрај договорот за „неизнесување детали“ во јавноста. Средбата на Роналдо и на моделката била во 2009 година, а во 2010 потпишале договор со кој Роналдо и исплатил околу 300.000 долари, а таа се обврзала да не објавува никакви детали.

Полицијата во Лас Вегас отвори истрага, но адвокатот на Роналдо вели дека од случајот нема да има ништо.

Се вчитува...