МЗТ Скопје уште еднаш демонстрираше зошто е апсолутен фаворит за титулата откако аеродромци во четвртиот плејоф дуел забележаа и четврта двоцифрена победа.
Куманово беше тимот што вечерва настрада во „Јане Сандански“, откако МЗТ уште во првото полувреме поведе со 25 поени разлика и практично го реши прашањето на победникот.
„Сино-белите“ од Аеродром потсетија на своите најдобри партии од Купот на Македонија каде годинава во Гевгелија се прошетаа до трофејот, а нема сомнеж дека ако продолжат во ист ритам, незапирливо ќе стигнат и до нова шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА