Агентот на Бејл: Работиме на трансферот, ова е компликувана зделка

Велшкиот интернационалец Герет Бејл е на добар пат да се врати во Премиер – лигата и повторно да го облече дресот на Тотенхем. За да се реализира овој трансфер заинтересирани се сите страни, и самиот фудбалер и Реал Мадрид кој сака да се ослободи од незадоволниот Бејл, а и Тотенхем кој повторно би го имал одличниот крилен офанзивец во Лондон. Но, сепак, како што вели агентот Џонатан Барнет, се работи за компликувана зделка.

„Бејл е заинтересиран за враќање, Тотенхем е негов клуб, може да се види назад во тој дрес и повторно да биде дел од Премиер – лигата. Можам да кажам дека работиме на реализација, но ова е многу компликувана зделка, гледано од повеќе аспекти“, изјави агентот на Герет Бејл.

Велшанецот заработува 600.000 фунти неделно во Реал Мадрид, подготвен е да се откаже од дел од платата за да се врати во Тотенхем, а „кралскиот клуб“ исто така би му го исплатил поголемиот дел од заработувачката за оваа сезона. Во целата зделка треба да биде вклучен и Деле Али, англискиот репрезентативец кој би дошол на „Сантијаго Бернабеу“ како позајмен играч за оваа сезона. Исто така, Реал Мадрид му го продава и левиот бек Серхио Регуилон на Тотенхем за сума од 30 милиони евра.

Се вчитува...