Дони ван де Бек имал потпишани документи за договор со Реал Мадрид, но тој трансфер никогаш не се оствари. Наместо на „Сантијаго Бернабеу“, Холанѓанецот на крајот заврши на „Олд Трафорд“ и потпиша за Манчестер Јунајтед, открива неговиот агент, Гвидо Алберс.
Неговиот клиент имал подадена рака за трансфер во Реал Мадрид, имал потпишано и документи минатата година, но сето ова не се реализираше поради ситуацијата со Covid-19.
„Rаботевме тој да направи трансфер минатото лето, тој беше пред трансфер во Реал Мадрид. Ајакс не сакаше да дозволи бидејќи веќе ги продадоа Де Јонг и Де Лихт. Ван де Бек остана, но се беше договорено за негов трансфер, дури и сите документи беа потпишани со Реал Мадрид. Си подадовме рака и рековме дека е стопроцентно завршена работата. Го држевме тоа во тајност, а ова лето требаше само да ги помине медицинските прегледи и да стане нов играч на Реал Мадрид. Но, работите на крајот се изменија. Сепак, најважно е што Дони е среќен“, изјави агентот.
Ван де Бек е големо засилување за средниот ред на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА