Легендарниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро го цени Ерлинг Холанд, но вели дека еден играч не може да биде клучот во потрагата на „граѓаните“ кон европската титула што им бега со години.
Тој помина десет години во Сити и постигна 184 гола, а неговиот поранешен клуб ќе се соочи со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„На Сити му требаше напаѓач кој е одличен во завршницата, таков тип на засилување сакаа, но еден играч никогаш не може да гарантира трофеј. Суштината е во тимот, особено кога е Сити во прашање, бидејќи нивното главно оружје е силната колективна игра“, изјави Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА