Агуеро не е Ериксен: За мене нема надеж, фудбал веќе не можам да играм ни рекреативно

Серхио Агуеро летово се пресели од Манчестер Сити во Барселона во обид да ја продолжи својата блескава кариера и во дресот на каталонскиот гигант.

Сепак, за време на дуелот со Алавес тој се пожали на болка во градите, за неколку дена подоцна да му биде соопштена страшна вест – дека има сериозни проблеми со срцето и мора педвреме да ја заврши кариерата.

Кристијан Ериксен е подготвен за камбек на терените неполна година откако имаше срцев удар за време на натпревар, но кај Агуеро ситуацијата е многу поспецифична.

„За мене нема надеж, ова дефинитивно е крај. Фудбал не можам да играм ниту рекреативно. Ако се обидам да истрчам еден краток спринт мислам дека срцето не ми работи, почнувам да се задушувам. За жал, тоа е крајот на мојата приказна“, истакна Агуеро.

Се вчитува...