Агуеро опериран: Се мина во најдобар ред, почнувам со рехабилитација

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро замина на операција на левото колено откако ги повреди лигаментите на мечот против Барнли. Хируршкиот зафат во Барселона мина во најдобар ред, а напаѓачот на Манчестер Сити вели дека веднаш почнува со рехабилитацискиот процес и се надева дека ќе биде подготвен и за настап во финишот од сезоната.

„Се мина во најдобар ред, веднаш почнувам со рехабилитацијата. Благодарност до д-р Кугат и до комплетниот медицински тим за професионалната грижа“, напиша Агуеро на Твитер.

Манчестер Сити го очекува реванш дуел против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, но неизвесно е дали Агуеро ќе се опорави до почетокот на август.

 

Се вчитува...