Монако стигна до втора победа во исто толку натпревари во новата сезона во Лига 1, откако на домашен терен со 2:0 го совлада Марсеј.
Домаќините поведоа во 13. минута. Парис Брунер доби одлична топка од Александар Головин и со прецизен удар го совлада голманот на Марсеј за 1:0.
Марсеј во продолжението од првиот дел се обидуваше да дојде до израмнување, но Монако успеа да ја зачува предноста и на пауза замина со минимално водство.
Клучниот момент се случи во 53. минута. Брунер повторно беше на вистинското место, овојпат по асистенцијата на Ерик Дие, и со својот втор гол на натпреварот зголеми на 2:0.
Марсеј до крајот не успеа да најде одговор за одлично организираната одбрана на домаќините, па Монако рутински ја сочува предноста и освои нови три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
