Агуеро пропушта два меча, но ќе биде фит за дуелот со Тотенхем во ЛШ

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро ќе ги пропушти наредните два меча за Манчестер Сити, но се очекува да се врати во составот на Пеп Гвардиола за првиот четвртфинален дуел против Тотенхем во Лигата на шампионите. Напаѓачот се повреди на пресметката против Фулам, се чинеше дека повредата е многу посериозна, но лекарскиот тим уверува дека ќе биде подготвен за кам – бек во елитното европско клупско натпреварување.

Агуеро нема да биде дел од тимот на утрешниот натпревар против Кардиф во Премиер – лигата, а ќе го пропушти и мечот против Брајтон во полуфиналето на ФА купот на Англија. Пеп Гвардиола ќе му даде шанса на Бразилецот Габриел Хесус во навалната линија.

Се вчитува...