Ајакс даде гол, но ВАР пресуди за Реал (ВИДЕО)

Холандскиот тим Ајакс успеа да постигне погодок во 37.минута против европскиот првак Реал Мадрид, но, сепак, судијата Дамир Скомина со помош на ВАР – системот, не го призна. Беше означена офсајд ситуација и погодокот на Николас Талјафико не е важечки. Ова е првата одлука со ВАР – технологијата во Лигата на шампионите.

По првиот дел, без голови на мечот во Амстердам, а почетниот резултат е и на дуелот меѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...