Комплетирајќи го ростерот за новата сезона Работнички се засили со искусниот крилен центар Тарик Брунчевиќ.
Брунчевиќ во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски земји бранејќи ги боите на тимови од Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција.
„Со своите 206 сантиметри, физичка сила и меѓународно искуство, Брунчевиќ треба да донесе дополнителна цврстина во рекетот, сигурност во скокот и повеќе опции во офанзивата и дефанзивата. Особено впечатлива беше неговата сезона 2024/25 во Шентјур, каде бележеше просек од 15 поени, 6 скока и 1,8 асистенции по натпревар, со што беше еден од важните играчи на екипата од Словенија“ – информираат од КК Работнички.
Со ангажманот на Брунчевиќ, тимот предводен од Владимир Мирковски добива искусен и проверен играч под обрачите, кој треба да биде значаен дел од ротацијата на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
