Евертон сака да го врати Ричарлисон

Евертон ја разгледува можноста за враќање на Ричарлисон од Тотенхем. Двата клуба се во редовен контакт во врска со потенцијален трансфер.

И Бразилецот е заинтересиран за враќање во Евертон, а Роберто Де Зерби му дал дозвола да бара нов клуб.

Сепак, реализацијата на зделката ќе биде тешка доколку Бето или Тиерно Бари не го напуштат Евертон. Па, токму затоа и клубот од Гудисон Парк сè уште не испратил официјална понуда за Ричарлисон.

Се вчитува...