Охрид со победа над Египет У-20 го почна трофејот „Крсте Андоновски“

Ракометарите на Охрид со победа ја почна одбраната на трофејот на турнирот „Крсто Андоновски 2026“ во Охрид.

Охриѓани славеа против младинската селекција до 20 години на Египет со 31-27, во натпревар во кој тренерот Ројевиќ ги „чуваше“ силите на својот тим.

Охрид на полувреме замина со три гола предност, иако на моменти македонскиот тим имаше водство и од шест гола разлика.

Најефикасен кај Охрид беше Кеита со седум гола, прогласен и за МВП на средбата, Лиапис постигна шест гола, а Блажески имаше пет одбрани.

Се вчитува...